Зборови Волшебни Lyrics & Chords By Arhangel
Зборови волшебни
Ти сама, в палто ветво,
без шапка, чевел мек.
Се грчиш в немир сета
џвакајќи мокар снег.
Се губи се' мрак црна е.
Се' тоне в магли. Мрак.
Само ти сред снежен врнеж
на аголот стоиш пак.
И образ вода кваси.
Се цедат капки рој.
Ко роса да ги краси
милите коси твои.
И една светла шурка
ти зрачи твојот лик.
За братката фигурата:
палтенцето во шик.
Врз клепки снегот лести
во твоите очи жал.
Сиот облик ти се вести
дур еден кој се збрал.
Ко божем нож ме реже
копајќи внатре пат.
Од резот дур се ежив
в срцето сето в јад.
Твоите зборови,
зборови волшебни.
Засекогаш јас чинам
те гледам смирна клет.
И неќам да се кинам
што зол е сиот свет.
И се' тоа се множи.
Снег сета таа ноќ
пак граница да сложи
меѓу нас нема моќ.
Но кои сме? Од кај сме
штом мина векот в час?
Интригите останаа,
а од нас ниту глас.
Твоите зборови,
зборови волшебни.